Флорентино Перез разговарал со двајца фудбалери по поразот на Реал од Ливерпул

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез разговарал со двајца фудбалери по поразот од Ливерпул, тој им честитал на Тибо Куртоа и Алваро Карерас за добрата партија.

„Кралевите“ синоќа потфрлија на Енфилд, изгубија со 1-0, но негативата можеше да биде многу поголема.

Флорентино Перез по крајот на натпреварот разговарал со двајца играчи, прво со Тибо Куртоа, а потоа и со Алваро Карерас.

Првиот човек на Реал Мадрид му честитал на голманот за одличните перформанси и му се заблагодарил за прикажаната партија, свесен дека без Тибо Куртоа на голот, поразот ќе бил потежок.

Претседателот на „кралевите“ со сличен тон му се обратил и на Алваро Карерас, кој добро се справуваше со Мохамед Салах, но и да го извести дека неговите добри настапи од почетокот на сезоната не поминале незабележано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×