Флорентино Перез подигнал кредит, Реал следната недела тргнува во офанзива по Нејмар

by
1 минути читање

Флорентино Перез
ги има потребните финансиски средства за да го комплетира трансферот на Нејмар.
Ова вечерва го пренесе Спорт, каталонскиот весник вели дека првиот човек на
Реал подигнал кредит со кој ќе може да одговори на барањата на ПСЖ за
Бразилецот.

„Кралевите“ не
можат да се ослободат од играчите на кои не смета Зинедин Зидан, како Герет
Бејл и Хамес Родригез, па Флорентино Перез до потребните пари стигнал на друг начин, ги зајмил од финансиска институција.

Спорт додава дека
повеќе проблем не преставува и второто клучно прашање за комплетирање на
зделката, односно личните услови на Нејмар. Агентот на напаѓачот, Пини Захави го известил на Флорентино Перез дека Бразилецот е подготвен да се пресели во
Мадрид бидејќи Барселона има потешкотии во преговорите со ПСЖ.

Реал ќе
тргне во офанзива следната недела, и на маса ќе стави еден или двајца играчи
плус сума од 100-120 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×