Бразилецот
изминатово лето за 222 милиони евра пристигна во Париз, но се почесто се говори
дека неговата авантура на Паркот на Принцовите не оди според планот.
Наводно Нејмар не
е среќен, па престојот во главниот град на Франција може да биде многу краток.
Реал Мадрид се
посочува како следната дестинација, и медиумите од Шпанија веќе почнуваат со
шпекулациите за сензационален трансфер.
Марка изминатиов
викенд пренесе дека „Кралевите“ имаат 200 милиони евра за да го купат
најдобриот играч, и секако тоа е Нејмар.
Дон Балон оди
подалеку, вели дека Флорентино Перез не сака да се игра играчки па е подготвен
на ПСЖ да му достави понуда која тешко се одбива.
Првиот човек на Реал е подготвен во Париз да ги испрати Герет Бејл и Тони Крос,
и верува дека двајца играчи од светска класа како и одредена сума на пари ќе
бидат доволни за да ги убеди „Светците“ да го продадат Нејмар.
„Флорентино Перез
е подготвен на се и не сака да си игра играчки. Претседателот на Реал Мадрид е
убеден дека ќе успее да го купи Нејмар, ако не ова лето, тогаш следното” – пишува Дон Балон.
Останува да се
види колку вистина има во една ваква сторија, Дон Балон не е премногу
веродостоен извор.