Флорентино Перез ќе ги послуша играчите, Реал се откажува од намерата да го купи Давид Де Геа

by
0 минути читање

Често се говореше дека „Кралевите“ сакаат да го донесат Давид Де Геа на Сантијаго Бернабуе ова лето.

Но играчите беа против оваа зделка, и преферираа Кејлор Навас да остане на голот.

Последните информации велат дека Флорентино Перез ќе ги послуша фудбалерите и првиот човек на Реал ќе се откаже од намерата да го купи Давид Де Геа.

Па Кејлор Навас и следната сезона ќе биде помеѓу стативите, Кико Касиља ќе биде негова резерва, а како трет голман веројатно ќе биде Лука Зидан, синот на тренерот Зинедин Зидан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани