Флорентино Перез како господин му одговори на Пике

by
2 минути читање

Фудбалерот на
Барселона во вторникот удри по лутиот ривал и обвини дека се водат судски спорови против
Лео Меси и Нејмар бидејќи луѓе кои седат во ложата на Сантијаго Бернабеу ги влечат
сите конци.

„Не ми се
допаѓаат вредностите кои Реал Мадрид ги пренесува”
  – рече дефанзивецот на Барса. „Немам ништо
против играчите, со добар дел од нив сум пријател”.

„Не ми се допаѓа
начинот на кој луѓето кои седат во ложата на Бернабеу ги влечат конците. Луѓето
кои ги обвинија Маси и Нејмар, но имаат поинаков третман за Роналдо, седат во
ложата”.

„Сите знаме што
се случува во ложата на Реал, секогаш било така”.

На ваквите напади
попладнево одговор испрати Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид тоа
го стори како господин и без да го спомне Жерард Пике.

„Добредојдовте на
место каде само спортските вредности се важни
– рече првиот човек на „Кралевите“ на презентацијата на Телефоника
како нов спонзор.

„Денеска тука има
(фудбалски и кошаркарски) тимови, кои помеѓу себе имаат 20 титули во Европа“.

„Поради нив,
нашиот клуб е почитуван низ целиот свет“.

„Ова е клуб каде
се важни само предизвиците, пасијата и топката
.

„Откако го
освоивме Европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство, сите Мадридисти со
нетрпение ги чекаат следните предизвици
.

„Нашиот тим е
почитувам за принците и вредностите на нашиот дрес и на нашиот грб
.

„Вредности како
борбен дух, никогаш да не се предадеме, скромност, почит и верување дека секоја
победа не носи до следниот голем триумф
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани