Флорентино Перез ги одреди условите под кои може да замине Лука Модриќ

by
1 минути читање

Изминативе 48 часа, една од топ темите на медиумите од „Чизмата“ е можноста Лука Модриќ да го облече дресот на „Нероаѕурите“. Извештаите велеа дека Интер остварил контакт со агентите на играчот и клубот од Џузепе Меаца добил сигнали дека може да се реализира еден ваков трансфер.

Хрватот, кој во моментов е на одмор во Сардинија, викендов се враќа во Мадрид за да ги почне подготовките за новата сезона и ќе има средба со Флорентино Перез. Доколку тој го извести претседателот на Реал дека сака да замине, Интер ќе започне формални преговори со „Кралевите“.

Но според пишувањата на мадридска Марка, директорите на Реал и извори блиски до играчот им соопштиле дека никој не работи на заминување на Лука Модриќ од Сантијаго Бернабеу. 

Весникот пишува дека шампионот на Европа нема намера да ги разгледа понудите кои ќе пристигнат бидејќи го сметаат Лука Модриќ за еден од столбовите на проектот.

Марка исто така го цитира Флорентино Перез како вели: „Модриќ може да замине само доколку некој плати 750 милиони евра (колку што изнесува откупната клаузула во договорот на играчот)“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×