283
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ќе продолжи да биде чело на „кралевите“ откако денес беше изгласан од членовите на Собранието.
Перез има 77 години и тоа значи дека со истекот на мандатот би станал прв човек кој влегол во деветтата деценија од животот на оваа функција. Новиот мандат на Перез има важност до 2029 година.
Ако го комплетира до крај тогаш Перез би поминал 26 години на претседателската функција во Мадрид. Првпат претседател на Реал, Перез стана во 2000 година и ја извршуваше функцијата до 2006, а потоа се врати во 2009 година.
Под негово водство „кралевите“ освоија вкупно 37 трофеи, а помеѓу нив седум во Ла Лига и седум во Лигата на шампионите. Кошаркарскиот тим пак стигна до 28 трофеи.