Флорентино Перез до првиот човек на ФФШ: Судиите свират против Реал, мора да го коригираш тоа!

by bojan
1 минути читање

Новиот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија, Рафаел Лузан откри дека добива многу замерки од Флорентино Перез за начинот на кој се дели правдата во Ла Лига, првиот човек на Реал Мадрид дури побарал и судии од Англија.

Во Шпанија има многу обвинувања околу тоа кој клуб ја има наклонетоста на судиите, особено по случајот „Негреира“ и милионските исплати кои Барселона ги правела кон поранешниот претседател на судискиот комитет.

На повидок е нова бура откако претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Рафаел Лузан сподели какви пораки добил од првиот човек на Реал Мадрид, Флоренино Перез.

„Флорентино ми кажа дека судиите свиреле на штета на Реал Мадрид и дека морам да го коригирам тоа. Смета дека Реал Мадрид загубил многу титули поради судиите“ – вели Лузан, кој беше избран за прв човек на ФФШ на средината од декември.

Тој исто така откри дека Флорентино Перез има луда идеа.

„Планира еден ден да донесе судии од Англија и тие да ја делат правдата на натпреварите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани