Флорентино до Валдано во 2002: Можеме да го купиме Кака за 12 милиони? Ќе го купиме кога ќе вреди 60 милиони!

by
2 минути читање

Флорентино Перез е
познат по своите „галактикос“ засилувања, па во 2002 кога му била понудена
можноста да го купи тогаш перспективниот Кака, претседателот на Реал Мадрид одбил.

Хорхе Валдано
открива дека пред 15 години можел да го донесе Бразилецот на Бернабеу за 12
милиони евра, но наместо зелено светло, добил чуден одговор од првиот човек на
клубот.

„Во 2002, кога
славевме 100 години постоење, Кака ги одигра последните 20 минути од
пријателскиот натпревар и импресионираше со она што го покажа
– вели Валдано.

„По крајот на
средбата му кажав на Перез дека можеме да го купиме Кака за 12 милиони евра и
дека за неколку години сигурно ќе вреди 60 милиони евра
.

„Тој ми рече, „не
грижи се, ќе го купиме кога ќе чини 60 милиони евра!“

Кака во 2003
пристигна во Европа во редовите на Милан и во дресот на „Росонерите“ се
промовираше во еден од најдобрите играчи на стариот континент.

Реал Мадрид
навистина плати 60 милиони евра за него во 2009, но „Кралевите“ малку видоа од
магијата на Бразилецот.

По преселбата на
Бернабеу, Кака имаше пад во формата и чести повреди, па само на моменти покажа
што знае и умее.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани