Италија продолжи
со импресивните изданија во рамките на квалификациите за Европското првенство
2020. година, а „Аѕурите“ под водство на Роберто Манчини на гостувањето кај
Финска стигнаа до максимални шест победи во својата конкуренција.
Капитенот на
Рома, Алесандро Флоренци требаше да биде поштеден за синоќешната пресметка во
Тампере откако претходно во победата против Ерменија во четвртокот играше на
десната бековска позиција.
Сепак, по само
осум минути игра тој мораше да го замени повредениот Емерсон и да игра на
позицијата лев бек, а имаше голем придонес во победата над Финска.
„Секогаш сум на
располагање на селекторот и тимот, тоа не го менува мојот однос, лесно ми беше
да се адаптирам во новата улога“ изјави Флоренци кој притоа ја коментираше и
играта на Италија во победата против Финска, заклучувајќи дека Италијанците
повторно уживаат во нивниот препознатлив фудбал, што не се случило подолг
период.
„Имавме
фантастични перформанси, среќен сум поради начинот на кој го одигравме натпреварот.
Резултатот беше тесен (1-2), меѓутоа ако ги земеме во предвид бројот на шансите
кои ги креиравме и имавме, најдоброто од се’ е фактот
што уживаме во нашиот фудбал, а тоа се немаше случено подолг период“ заклучи
Флоренци.