Флик за моментот кога полуде крај аут линијата: Не сакам внукот да ме гледа во ова светло

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Барселона, Ханси Флик се извини за црвениот картон против Жирона, вели дека станал поемоционален по преселбата на Камп Ноу.

Ханси Флик покажа многу емоции во финишот од натпреварот помеѓу Барселона и Жирона и драматичната победа со гол во последните мигови.

Стратегот доби црвен картон откако претера со протестите кон судијата, а потоа и бурно прослави кога Араухо ја затресе мрежата за 2-1.

„Не сум понервозен, едноставно моите емоции не се исти како претходно. Кога бев тренер на Баерн, за време на фамозната победа од 8-2 против Барселона, имаше слики на кои не се ни смеев кога постигнувавме голови“ – вели Ханси Флик.

„Но сега сум поемоцинален, овој клуб ме промени. Ја обожавам Барселона, сакам да го дадам максимумот за овој клуб“.

„Сепак, морам да признам дека не сакам да се гледам во такво издание на телевизија, не сакам внукот да ме гледа во такво издание, па ќе мора да го променам однесувањето“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×