Флик во проблем: Барселона ослабена ќе стартува во Лигата на шампионите

by Стефан
1 минути читање

Барселона со голем проблем ќе ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите. Каталонците в четврток од 21 часот го пречекуваат Њукасл, но Ханси Флик нема да смета на еден од своите најважни адути, Ламин Јамал.

Младиот шпански репрезентативец веќе го пропушти натпреварот за викендот со Валенсија, а иако постоеше надеж дека ќе биде подготвен за европскиот старт, неговата рехабилитација не се одвивала според планот.

Јамал и денеска не тренирал со остатокот од екипата, туку работел по индивидуална програма, па така јасно е дека нема да биде на располагање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×