Флик верува во среќен крај: Разговарав со Олмо, чекаме…

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона не успеа да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор, доби „корпа“ и во клучната битка од Ла Лига и Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

Се споменува дека Олмо би можел да замине бесплатно, наводно има таква клаузула во договорот. Сепак, неговиот агент пред неколку денови, а и сега ХансиФлик ги негираа гласините и најавија дека нема простор за такво нешто.

Уверен сум дека клубот ќе го реши овој случај околу регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор. Разговарав со Дани, тој сака да игра само за Барселона. Сега е ред да чекаме да се решат проблемите“, изјави Флик.

Олмо и Виктор не се регистрирани за настапи во првенството, а поради тоа што не може да се депонираат договорите не можат да играат ниту во другите натпреварувања, ниту за репрезентацијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани