Флик веќе има план, ги кажал своите желби за посилна Барселона

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Барселона, Ханзи Флик, според медиумите во Шпанија, веќе ги дефинирал трансфер приоритетите за следната година. Во разговорите со спортскиот директор Деко, Флик јасно посочил дека му се потребни засилувања на три клучни позиции: централен дефанзивец, крилен напаѓач и класична „деветка“.

Највисок приоритет е доведувањето на стопер на кого посилна страна му е левата нога. Заминувањето на Ињиго Мартинез минатото лето создаде празнина во одбраната, а Флик смета дека отсуството на ваков профил фудбалер е еден од најголемите проблеми за тимот сезонава.

На листата желби се наоѓаат Гонзало Инасио, Џејсон Муриљо, Нико Шлотербек, Луис Бенедети и Марк Гуехи, кој од јуни ќе биде слободен играч.

Како идеални решения се издвојуваат Aлесандро Бастони од Интер и веќе споменатиот Шлотербек од Борусија Дортмунд, кој поради отштетната клаузула од околу 60 милиони евра претставува и финансиски подостапна опција.

Барселона мора да се засили и во офанзивниот дел. Роберт Левандовски влегува во последната година од договорот и набрзо ќе наполни 38 години, па клубот активно бара долгорочно решение. Хулијан АлвареЗ е високо ценет, но неговата моментална ситуација во Атлетико Мадрид го отежнува евентуалниот трансфер. Хари Кејн, со откупна клаузула од 65 милиони евра, исто така се смета за реална можност, а како алтернативи се следат Серхи Гираси и Етe Ејонг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×