Флик си подал рака со Барселона за нов договор, побарал само една работа

by bojan
1 минути читање

Голем број на извори пренесуваат дека Ханси Флик и Барселона си подале рака за нова соработка до јуни 2027, новиот договор официјално ќе биде потврден откако „каталонците“ ќе ја осигураат титулата во Ла Лига.

Ханси Флик заврши одлична работа откако го презеде кормилото на Барселона, па Жоан Лапорта и Деко веднаш му понудија нов договор.

Голем број на извори попладнево објавија дека двете страни си подале рака за продолжување на соработката, Германецот ќе биде тренер на „каталонците“ до јуни 2027 година.

Новиот договор официјално ќе биде потврден откако Барселона ќе ја осигура титулата во Ла Лига, ова го побарал самиот Ханси Флик, кој инсистира целиот фокус и понатаму да биде на случувањата долу на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×