Флик шокираше со изјавата пред Њукасл: Ова ќе биде мојата последна работа!

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Барселона, Ханси Флик одби да говори за продолжување на соработката со „каталонците“, но шокираше со изјавата дека ова ќе биде неговиот последен клуб.

Ханси Флик денеска се појави на средба со новинарите пред реваншот против Њукасл во Лигата на шампионите, и сосема очекувано доби неколку прашања за иднината, сега откако Жоан Лапорта доби доверба за нов мандат.

„Ова не е прав момент да говориме за нов договор. Имаме важен натпревар пред нас. Сите знаат дека сум многу среќен тука, но ќе мора прво да разговарам со моето семејство“ – изјави Ханси Флик по гласините дека останува на Камп Ноу до 2028 година.

Но прашањата за неговата иднина продолжија, па тој порача: „Јасно е дека ми се допаѓа да работам во Барселона, но исто така ја ценам и мојата независност. Имам одлично семејство и голема поддршка“.

„Ова е фудбал и се трудам да го дадам најдоброто за тимот… но ќе видиме. Има време“.

„Не размислувам да одам на друго место. Ова ќе биде мојата последна работа и тоа ме прави среќен“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×