Тренерот на Барселона, Ханси Флик тешко ги прифатил вестите за заминувањето на перспективниот Дро Фернандез, па младото момче било избркано од соблекувалната и не смее да тренира со првиот тим.
Минатата недела, Дро Фернандез ги известил директорите на Барселона дека ќе замине овој месец со активирање на откупната клаузула од 6 милиони евра.
Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, тренерот Ханси Флик тешко ги прифатил вестите, бил длабоко разочаран и се чувствувал изневерен откако оваа сезона му укажа доверба на младото момче и го смета за еден од најперспективните фудбалери во школата.
Па Ханси Флик веднаш го известил Дро Фернандез дека за него повеќе нема место во соблекувалната, фудбалерот не тренира со првиот тим, ниту пак со некој другите тимови на Барселона.
Дро Фернандез и понатаму има пристап до тренинг центарот, но работи сам.