Флик рушеше рекорди на почетокот од сезоната, сега е полош од Чави, Куман и Сетиен

by bojan
1 минути читање

Барселона има драстичен пад на формата, „каталонците“ веќе забележаа пет порази во Ла Лига, па Ханси Флик има полоши бројки од Чави, Роналд Куман и Кике Сетиен.

Барселона одлично ја отвори новата сезона, нареди седум победи од исто толку натпревари (само трет пат им се има случено ова во историјата) и Ханси Флик беше на чекор до рекордот на Тата Мартино од 2013/2014, кога беа остварени 8 победи на стартот.

Но неколку месеци подоцна, „каталонците“ имаат драстичен пад во формата и веќе забележаа 5 порази, па Ханси Флик има полоша статистика од претходните тројца тренери.

Чави, во цела мината сезона имаше 5 порази, а од ноември 2021, до мај 2024, процентот на порази во Ла Лига му беше 15%.

Кике Сетиен во својата авантура на клупата од јануари 2020 до август 2020 имаше процент на порази во Ла Лига од 16%, додека пак Роналд Куман од август 2020 до октомври 2021 имаше процент на порази од 21%.

Ханси Флик, со пет порази на 19 натпревари, во овој момент има процент од 25%.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани