Баерн Минхен и минатото лето сакаше да го ангажира Сане, но Манчестер Сити не сакаше да го продаде. Во меѓувреме тој заработи тешка повреда на коленото поради која долго време е надвор од теренот.
Германскиот весник „Билд“ открива дека Ханси Флик имал 30 минутен телефонски разговор со Лерој Сане во кој го убедувал дека треба да се пресели во Баерн Минхен.
Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ се надева дека поради коронавирусот цената на Сане ќе биде пристојна и дека раководството ќе одобри средства за негов ангажман.
Минатото лето Баерн Минхен за 80 милиони евра го купи дефанзивецот Лукас Хернандез иако тој само што се врати од повреда. Фудбалерот цела сезона се мачеше со фитнесот, па поради овој пример челниците на клубот може да бидат скептични и околу Сане.
Но фактот што Флик му телефонирал на Сане е знак дека Баерн Минхен сака да го ангажира офанзивниот фудбалер на Сити.