Новиот тренер на Барселона, Ханси Флик, очигледно нема да губи време во реорганизација на тимот. Германецот веќе отпиша неколку имиња, а по пријателскиот натпревар со Висел Кобе, на списокот за заминување се најде и младиот Ектор Форт.
Форт, кој минатата сезона немаше голема минутажа, не влегува во плановите на Флик за новата сезона. Искусниот стратег повеќе смета на Жил Кунде и Ерик Гарсија на позицијата десен бек, па раководството на клубот е подготвено да го продаде за сума од околу 10 милиони евра.
Шпанските медиуми пренесуваат дека неколку клубови од Ла Лига и португалската Примеира се интересираат за 20-годишниот дефанзивец, но засега конкретна понуда не пристигнала на адреса на каталонскиот гигант.