„Панцерите“ ги
открија адутите за Светското првенство во Катар, попладнево Ханси Флик го
објави списокот со 26 фудбалери.
Поради повреда
отпадна малерозниот Марко Ројс, а повик не доби и неговиот соиграч Матс Хумелс.
Место немаше и за Робин Госенс од Интер.
Имаше и неколку
изненадувања, како херојот од финалето во 2014, Марио Геце
кој преку ПСВ и Ајнтрахт
Франкфурт си ја оживеа кариерата.
На списокот се најде и 17 годишниот Јусуфа
Мукоко од Борусија Дортмунд, како и 29 годишниот Никлас Филкруг од Вердер
Бремен, кој нема ниту еден настап за сениорскиот тим на Германија.
DAS IST UNSER #WM-KADER! #GER #WM2022 @FIFAWorldCup pic.twitter.com/MBHXYGjQo5
— DFB-Team (@DFB_Team) November 10, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.