Флик: Не можам веднаш да кажам дали ќе заминам, но наскоро ќе се знае

by
1 минути читање

Во група со Шпанија, Јапонија и Костарика, Германија освои само четири бода и поради полоша гол разлика од Шпанците го заврши настапот на Светското првенство.

Едно од првите прашања за селекторот Флик беше дали ќе си поднесе оставка.

„Брзо ќе донесеме решение, но во моментов, веднаш по елиминацијата, тешко е да се каже. Но наскоро ќе се знае сѐ“, вели Ханси Флик.

„Пропуштивме многу шанси против Костарика во првото полувреме. Ако ги погледнеме натпреварите, сами сме си виновни за елиминацијата. Имавме доволно шанси и против Јапонија и против Шпанија, мораше да ги искористиме“.

„Направивме и многу индивидуални грешки. По оваа елиминација ќе мора да направиме анализа каде погрешивме и да тргнеме во друга насока. Треба да се фокусираме на помладите генерации“.

Германија на второ Светско првенство е елиминирана во групната фаза.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани