Како што пренесува Марка, тренерот на Барселона, Ханси Флик на сред прес конференција добил порака дека Рафиња и Роналд Араухо сакаат да разговараат со него.
„Каталонците“ ги следат многу турбуленции во Саудиска Арабија и Суперкупот на Шпанија, прво беше „случајот Олмо“ и дали Шпанецот ќе биде регистриран или нема да биде регистриран, потоа претседателот Жоан Лапорта се најде во фокусот поради навредите упатени кон официјалните лица на Ла Лига и Фудбалската федерација на Шпанија, а сега се пишува и за мистериозна порака до тренерот Ханси Флик.
Како што пренесува Марка, додека Германецот денеска одговоарал на прашања на новинарите на пресот во пресрет на финалето против Реал Мадрид, еден од неговите помошници му пишал: „Рафиња и Араухо сакаат да разговараат со тебе“.
Не е јасно е зошто двајцата фудбалери побарале состанок со тренерот, во последно време има се погласни шпекулации за заминување на Роналд Араухо, кој се поврзува со преселба во Јувентус.
„За мене нема дискусија, го сакам во тимот бидејќи е еден од најдобрите централни дефанзивци“ – одговори Флик на пресот кога беше прашан за иднината на Араухо.