Барселона вчера ја завери 28. шампионска титула, каталонскиот тим оваа сезона освои двојна круна, а творец на овој голем успех е Ханси Флик.
Пред почетокот на сезоната на Барселона ѝ се даваа само 10 проценти шанси дека ќе ја освои шампионската круна, а на Реал Мадрид дури 80. Но, Флик направи чудо и ја донесе круната во Каталонија.
На вчерашната прес-конференција Флик беше прашан кој му е омилениот момент од сезоната.
„Мојот омилен момент? Четирите Ел Класика против Реал Мадрид“, рече Флик.
Оваа сезона Барселона и Реал Мадрид се сретнаа четирипати и секогаш победуваа Каталонците.
Првото Ел Класико беше во Ла Лига, Барса со 4-0 го победи Реал Мадрид на Бернабеу.
Второто беше во рамките на Суперкупот на Шпанија, Барса славеше со 5-2.
Потоа се сретнаа во финалето од Купот на Шпанија, тоа беше неизвесен меч, се играше и продолжение, Барселона победи со 3-2.
Неодамна се одигра и вториот дуел од Ла Лига, последното класико за оваа сезона, Барселона повторно победи, овојпат со 4-3.