43
Барселона со 2-1 го победи Ајнтрахт Франкфурт и запиша нова победа во Лигата на шампионите, а она за кое се зборува по овој меч е и реакцијата на Ламин Јамал.
Флик реши да го извади младиот фудбалер и тоа во 89. минута, мечот беше на самиот крај, но и покрај тоа што се работеше за доцна измена, Ламин Јамал негодуваше кога требаше да излезе.
„Ламин Јамал беше малку разочаран од замената, но мене ми требаа свежи нозе“, рече Ханси Флик по мечот.
„Ламин е таков. Тој е млад и мислам дека неговото однесување е добро, добро е тоа што реагираше кога требаше да излезе. Не е проблем“.