Флик има проблеми, Барселона ќе биде ослабена за дуелот со Осасуна

by riste
1 минути читање

Барселона утре ќе игра заостанат меч против Осасуна, а тренерот Ханси Флик потврди дека за овој дуел нема да може да смета на Рафиња.

Бразилецот се враќа од настапот за својата репрезентација против Аргентина.

Рафиња е најдобриот фудбалер на Барселона оваа сезона, но тој нема да биде единственото отсуство.

Во составот нема да биде ниту Роналд Араухо кој се враќа од Уругвај, додека Пау Кубарси ќе остане на клупата за резерви поради повредата која ја заработи во дуелот меѓу Холандија и Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани