Ханси Флик вели дека има иста фудбалска филозофија како онаа на Барселона, сака висок посед на топка и офанзивен фудбал, и се надева дека ќе биде успешен и ќе донесе титули.
Барселона денеска и официјано го потврди Ханси Флик како наследник на Чави на тренерското столче на првиот тим.
„Сакам да им се заблагодарам на сите кои беа инволвирани, голема чест е да се потпише со Барселона, да се работи во овој голем клуб, ми се оствари сонот. Со нетрпение чекам да почнам“ – вели Германецот.
„Освојував титули со Баерн Минхен и се надевам дека ќе продолжам да освојувам и во Барселона. Заедно можеме да постигнеме многу“.
„Мојата фудбалска филозофија е иста како онаа на Барселона, да вршиме силен притисок, да имаме голем посед на топка и да играме офанзивен фудбал“.
„Барселона исто така ја има една од најдобрите школи во светот. Во првиот тим има одличен микс на искусни играчи и талентирани млади фудбалери. Ќе работиме тие да станат уште подобри“.