Еден од најстандардните фудбалери на Барселона минатата сезона, Ињиго Мартинез го напушта клубот, дефанзивецот ќе му стане соиграч на Кристијано Роналдо во Ал Наср.
Минатата сезона, Ињиго Мартинез ги искористи повредите на Андреас Кристенсен и Роналд Араухо и се наметна како столб во одбраната.
Ханси Флик беше задоволен од неговите перформанси и лидерски способности, па го имаше на ум како опција за еден од капитените на Барселона за 2025/26.
Сепак, на една недала пред стартот на сезоната, дефанзивецот изненадувачи и беспари заминува од Камп Ноу.
Ињиго Мартинез добил богата понуда од Саудиска Арабија да му стане соиграч на Кристијано Роналдо, па ќе почне нова авантура.
Барселона можеби нема да добие трансфер обесштетување, но ќе заштеди на платата на дефанзивецот која изнесува помеѓу 12 и 14 милиони евра бруто.
Сепак, нема да може да ја искористи целата оваа сума бидејќи не е во правилото 1:1, и заминувањето на Ињиго Мартинез нема да отвори доволно простор за регистрација барем на едно од засилувањата.
ФОТО: X/FC Barcelona