Флик ги „затегна“ правилата во Барса по скандалот со Јамал

by 24 фудбал
1 минути читање

По роденденската забава на Ламин Јамал пред две недели, која предизвика низа реакции и поплаки, тренерот на Барселона, Ханси Флик, одлучи да воведе нови правила за играчите.

Строгите мерки се однесуваат на однесувањето надвор од тренинг базата и натпреварите со цел да се зачува угледот на клубот. Флик ја препорача минималната активност на социјалните мрежи, особено кога станува збор за приватниот живот на фудбалерите.

Од играчите се очекува објавите да бидат ограничени само на содржини од натпревари, тренинзи или официјални комерцијални активности, било да се приватни или поврзани со клубот.

Овие мерки се дел од планот на германскиот тренер да обезбеди мир и дисциплина во тимот, кои тој ги смета за клучни фактори за постигнување добри резултати во иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×