Флик ги шокираше навивачите на Барса: За најдобар напаѓач во светот избра фудбалер на Реал Мадрид!

by Стефан
1 минути читање

Дури и за остатокот од јавноста да е очигледно, сепак е реткост некој од таборот на Реал и Барселона да издвои фудбалер на големиот ривал како најдобар во светот, па и кога се работи за неговата позиција.

Сепак, сега токму тоа се случи. Ханси Флик беше запрашен за Килијан Мбапе, а и покрај тоа што во својот тим има големи голгетери сепак за Германецот во овој момент нема подобар напаѓач од Мбапе.

„Мбапе во овој момент е најдобриот во светот, постигна навистина многу голови и тој е пример за играч од светска класа“, изјави Флик на прес-конференцијата пред финалето од шпанскиот Суперкуп.

Финалето е помеѓу Барса и Реал е закажано за утре во терминот од 20:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×