Флик е бесен на судиите: Која е поентата на ВАР?

by riste
1 минути читање

Атлетико Мадрид синоќа ја победи Барселона со 2-0 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, момците на Диего Симеоне славеа на Камп Ноу и направија голем чекор кон полуфиналето.

Клучниот момент од мечот се случи пред крајот на првото полувреме кога Кубарси направи прекршок за црвен картон, а од слободниот удар Алварез постигна прекрасен гол за водство на Атлетико од 1-0.

„Нивниот голман ја додаде топката до својот соиграч и дефанзивецот ја фати со рака. Која е поентата на ВАР“, вели нервозниот Флик.

Во Барса негодуваат на повеќе одлуки, но најмногу на онаа која се случи во шеснаесетникот на Атлетико Мадрид при изведувањето на гол аут.

„Ние сме Барселона и не се предаваме“, рече Флик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×