649
Според последните информации од Шпанија, Ламин Јамал ќе биде подготвен за настап во вечерашниот прв натпревар од полуфиналето во Копа Дел Реј.
Јамал се истакна како еден од најважните во Барселона, но против Лас Палмас доби сериозен удар во стапалото и навивачите стравуваа дека може да го пропушти тој натпревар.
Сепак, пред натпреварот медиумите најавуваат дека Јамал е спремен и ќе стартува од првата минута, иако го пропуштил тренингот пред натпреварот.
Се најавува и составот во кој ќе настапи Барселона: Шчесни, Кунде Араухо, Иниго, Балде, Де Јонг, Педри, Олмо/Гави, Јамал, Рафиња и Левандовски
Дуелот помеѓу Барселона и Атлетико е закажан за во терминот од 21:30 часот.