Во Шпанија утре на програмата е големото дерби помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид, а тренерот на каталонскиот гигант Ханси Флик имаше само пофални зборови за ривалот.
Според Германецот Атлетико е најдобриот тим во зпримера.
„Ќе биде многу тежок натпревар за нас. Тие се најдобриот тим во Ла Лига досега. Ќе биде одличен натпревар. Мора да бидеме сконцентрирани од првата до последната минута. Атлетико постигнува многу голови на крајот“, изјави Флик.
„Го започнавме проектот, а на 20 декември сме први во Ла Лига и втори во Лигата на шампионите. Испуштивме бодови и штета е затоа што требаше да победиме против Лас Палмас и Леганес. Почит за нив бидејќи одиграа подобро од нас и тоа мора да го прифатиме. Утре имаме уште една шанса да се докажеме“, додаде германскиот стратег.