Фудбалерот на Челси го запишаа првиот пораз на Светското клупско првенство со 3-1 од Фламенго и тоа откако на полувремето имаа водство.
Педро Нето кој беше стрелец и во првиот натпревар и во Лос Анџелес (2-0) во 13-тата минута украде една топка и истрча повеќе од половна терен за да ја смести топката во мрежата за водство.
Тоа беше и единствениот гол во првото полувреме. Фламенго дојде до израмнување преку Бруно Енрике во 62. минута, а веќе три минути подоцна Данило се погрижи за целоен пресврт.
Во 68. минута ситуацијата за Челси стана потешка бидејќи исклучен беше Николас Џексон. Конечите 3-1 г постави Валас Јан во 83. минута.
На табелата сега Фламенго има шест бода по два натпревари, Челси три, а Еспераса Тунис и Лос Анџелес кои играат меѓусебен во второто коло се без бодови.