203
Фламенго ќе игра за втора титула на Светското клупско првенство откако вечерва во првото полуфинале ја доби пресмеетката со Ал Хилал. Шампионот на Азија подобро го започна мечот, креираше неколку добри шанси и заслужено поведе преку Ал Давсари во 18. минута.
На Бразилците им беше потребно време да влезат во ритам и до изедначување стигнаа во прав момент. Само што започна второто полувреме, Фламенго креираше одлична акција по која Де Араскаета рутински реализираше за 1-1.
Искуството и квалитетот дојдоа до израз во финишот, најпрво Бруно Хенрике погоди со глава за 2-1 во 78. минута, а потоа Ал Булаихи си постигна автогол за 3-1 и тука веќе беше јасно кој ќе слави.