Фламенго го промовира бекот од Милан, но и го истрола Бешикташ!

by 24 фудбал
0 минути читање

Фламенго го доведе во своите редови Емерсон Ројал од редовите на Милан. За услугите на бразилскиот фудбалер клубот ќе плати околу девет милиони евра, плус одредени бонуси.

Интересно е дека Емерсон беше пред трансфер во Турција и требаше да потпише со Бешикташ. Сепак, во последен момент Бразилците влетаа и први се договорија со „росонерите“ нудејќи пари за трансферот, наместо позајмица со право на откуп.

По потписот со Емерсон Ројал, од Фламенго не го пропуштија моментот да го истролаат Бешикташ. Тие напишаа на Твитер: „Играњето во Турција е подобро од играњето во Бразил“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×