ФК Слога Виница се заблагодарува за обезбеден ручек – клубот бара помош! (ФОТО)

by riste
0 минути читање

Македонскиот второлигаш, Слога Виница финансиски падна до тој степен што преку социјалните мрежи му се заблагодари на градоначалникот што им обезбедил ручек на фудбалерите.

Откако си замина турскиот инвеститор во Слога Виница клубот е во тешка финансиска ситуација и бележи лоши резултати во Втората македонска лига.

Денеска од клубот преку социјалните мрежи му се заблагодарија на градоначалникот Митко Костадиновски Книжар затоа што обезбедил ручек за сениорскиот тим.

Воедно ги повикаа останатите стопанственици од градот да го следат неговиот пример и да му помогнат на клубот.

По 11 одиграни кола Слога Виница е на претпоследната позиција на табелата во ВМФЛ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×