Фирмино ја напушти Саудиска Арабија, но не се врати во Европа!

by riste
1 минути читање

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Роберто Фирмино има нов клуб, неговиот престој во Ал Ахли заврши, новиот клуб му е Ал Сад.

Фирмино замина од Садусика Арабија и се пресели во Катар.

Фирмино со Ал Ахли успеа да ја освои азиската Лига на шампиони и за овој клуб одигра 65 натпревари во кои постигна 65 натпревари, постигна 21 гол и додаде 17 асистенции.

Трансферот е по малку и изненадувачки бидејќи заминува во послаба лига, но ќе ја дели соблекувалната со тројца сонародници, Паоло Отавио, Џовани и Клаудињо. Тимот од клупата го предводи Шпанецот, Феликс Санчез.

Ал Сад ги освои последните две титули во првенството на Катар, а четири пати беше шампион во последните пет години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×