Фирмино гори од желба за успех, си го скрати одморот и порано од предвиденото пристигна во кампот на Бразил

by
1 минути читање

Роберто Фирмино
не успеа да го подигне победничкиот пехар сезонава во Лигата на шампионите,
откако неговиот тим претрпе пораз од 3-1 во финалето против Реал Мадрид, но,
едно е сигурно, тој со Бразил ќе биде главен фаворит за титулата Светски првак
на Мундијалот кој се игра идниот месец во Русија.

Интересни вести
ни пристигнуваат од селекцијата на Бразил, каде иако имал уште два слободни
дена, сепак Фирмино си го скратил одморот и одлучил да приклучи на тренинг
кампот на својата селекција, тој вели одлуката ја донел самоволно.

Имав уште два
слободни дена да останам во мојот дом, но сам одлучив да дојдам порано и да
почнам веднаш
“ рече Фирмино по доаѓањето во кампот на Бразил во Лондон.

Кариоките во
недела ќе одиграат пријателски меч против Хрватска во Ливерпул, на Енфилд
арената, а една седмица потоа во Виена ќе ги одмерат силите со Австрија, по што
ќе ги завршат финалните подготовки за Мундијалот кој го стартуваат со дуелот
против Швајцарија на 17 јуни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани