Фирмино голем баксуз против Венецуела, му поништија три гола на Бразил поради напаѓачот (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Свирижи од
публиката за избраниците на Тите, кои и утрово не импресионираа. За разлика од
дуелот со Боливија на кој славеа со 3-0 со три гола во вториот дел, утрово
„кариоките“ беа фрустрирани од одличната одбрана на Венецуела, а си имаа мака и
со ВАР.

Голем баксуз беше
Фирмино, поради кого беа поништени дури три гола. Напаѓачот ја затресе мрежата
на противникот во финишот на првиот дел, но судијата процени дека фудбалерот на
Ливерпул со прекршок си ја создал шансата и досуди топка за Венецуела.

Мрежата на
Венецуела беше затресена по втор пат во 65. минута, Габриел Жесус ги израдува
сите на стадионот, но интервенираше ВАР, Фирмино беше во офсајд кога топката
дојде до него, па голот беше поништен.

На пет минути
пред крајот имаше ново славје, по една одлична акција на Евертон, Кутињо
реализираше. Но и овој пат видео технологијата донесе молк. Пред да заврши во
голот, топката го закачи Фирмино, кој беше во офсајд па судијата немаше друга
опција освен одново да ја подигне раката.

Покрај овие три моменти, Бразил имаше неколку други добри шанси, последната дури во 100. минута од мечот кога ударот на Фернандињо со глава заврши милиметри крај стативата.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани