Фиорентина загуби и од Аталанта, „виолетовите“ чекорат кон Серија Б (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Аталанта конечно стави крај на негативната серија и денеска ја совлада Фиорентина со 2-0, додека за „виолетовите“ кризата продолжи.

Ниту смената на тренерот не донесе пресврт за гостите. Аталанта го отвори резултатот преку Кусуну по прецизна асистенција од Де Кетеларе, а Лукаку само шест минути по почетокот на второто полувреме ги постави конечните 2-0.

По новиот неуспех, Фиорентина останува на претпоследното место со само шест освоени бода, колку што има и Верона. Двете екипи остануваат единствените во Серија А кои сè уште се без триумф сезонава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×