Фиорентина: Тројца членови ни се во болница, од коронавирус се заразени 8-10 лица

by
0 минути читање

Фиорентина е еден од најзагрозените тимови од кофонавирус во Италија, клубот досега ги имаше потврдено Душан Влаховиќ, Патрик Кутроне и Герман Пецела.

Денеска претседателот на клубот, Роко Комисо информираше дека ситуацијата станува уште полоша.

„Имаме тројца членови кои се во болница и други кои се контаминирани и седат дома, вкупно 8-10 позитивни случаи“, изјави Комисо.

Според италијанските медиуми, еден од членовите кои се во болница е шефот на лекарскиот тим на Фиорентина, Лука Пенге.

Фиорентина донираше околу половина милион евра за болниците кои се справуваат со коронавирусот во Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×