Фиорентина тргнува со 10 милиони евра по Несторовски!

by
2 минути читање

Фиорентина е
подготвена да испрати официјална понуда за ангажман на репрезентативецот на
„Црвено-жолтите“, Илија Несторовски.

Денешното издание
на Кориере дело Спорт пишува дека тимот од Фиренца е подготвен да издвои 10
милиони евра за Македонецот, кој сезонава на 35 натпревари во дресот на Палермо постигна 10 погодоци
во Серија А.

„Виолетовите“ во
27 годишниот Илија Несторовски гледаат замена за Никола Калиниќ, кој е желба на
Милан, Борусија Дортмунд, Арсенал и Лестер, и ова лето ќе замине од Артемио
Франки

Палермо за
популарниот „Нестогол“ бара 20 милиони евра, веќе станува се поизвесно дека
Фиорентина ќе биде неговата следна дестинација, но останува отворена дилемата
како би течеле преговорите меѓу двата клуба.

Несторовски се
најде и во информациите кои ги пласираше во јавноста „Тутоспорт“ во кои се
вели дека Фиорентина веќе почнала да ги
крои плановите за тимот за следната сезона.

И весникот од
Торино пишува дека Илија Несторовски е желба на „Виолетовите“ за наследник на
Никола Каланиќ.

Фиорентина најпрво ќе ја разреши ситуацијата на десното крило Филипо Бернардески, кој деновиве
треба да има состанок со раководството на клубот.

Бернардески игра
одлична сезона, 23 годишниот фудбалер на 30 натпревари постигна фантастичен
учинок од 11 погодоци, па така се поизвесно е дека ќе си замине од клубот
летово.

Тој има договор со „Виолетовите“ кој трае до 2019, има одлична
вредност на трансфер пазарот (24 милиони евра) и се очекува Фиорентина да има
убава заработка од евентуална негова продажба.

Клубот од Фиренца потоа ќе работи на засилувања, веќе го
договори бразилскиот дефанзивец од редовите на Палмеирас, 25 годишниот Витор
Хуго, во битката за неговиот потпис ги победи Валенсија, Спортинг Лисабон и
Интер, во него ќе инвестира 8 милиони евра.

Бразилецот ќе го
замени Гонзало Родригез во одбраната кој против Наполи и Пескара ќе ги одигра
последните натпревари во дресот на Фиорентина.

Фиорентина исто
така ќе купува во Белград, поточно во Партизан, и тоа за 6 ипол милиони евра ќе
ги ангажира 19 годишниот дефанзивец Никола Миленковиќ, и 17 годишниот напаѓач
Душан Влаховиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани