Фиорентина со нова победа завери четвртфинале, Кристал Палас се протна по продолженија! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Фиорентина и на гостински терен ја совлада екипата на Раков со 2-1 и со вкупни 4-2 оди меѓу осумте најдобри во Конференциската лига, а таму ќе биде и Кристал Палас кој по 120 минути игра славеше кај АЕК Ларнака со 2-1.

Виолетовите од Фиренца со предноста од 2-1 отпатуваа во Полска, а таму остварија уште една таква победа.

Раков поведе по неколку секунди игра во второто полувреме кога Струски даде гол за водство од 1-0. Во тој момент вкупниот резултат беше изедначен.

Во 69. минута Пиколи го изедначи резултатот на 1-1. Раков пак мораше да брка водство.

Таквата игра на домаќините ја искористи Фиорентина и во 97. минута преку нововлезениот Понграчиќ дојде до победа од 2-1.

Кристал Палас во првиот меч кој се играше во Лондон одигра срамни 0-0 против АЕК Ларнака, но се поправи во реваншот.

Сар во 13. минута донесе водство за англискиот тим, а во 63. минута АЕК изедначи на 1-1 со гол на Саборит.

Истиот фудбалер десет минути подоцна заработи втор жолт картон и домаќините останаа со фудбалер помалку.

Кристал Палас не успеа да го искористи тоа во регуларниот тек, па мечот отиде во продолженија.

Во 99. минута Сар пак даде гол, овојпат за водство од 2-1 што на крајот беше конечен резултат и го однесе Кристал Палас во четвртфиналето од Конференциската лига.

Целје со 2-0 славеше на гостувањето кај грчки АЕК во Атина, но словенечкиот тим на домешн терен беше поразен со 4-0, па тука го заврши натпреварувањето.

Понатаму оди Мајнц кој со 2-0 ја совлада Сигма Оломуц, тоа беше и вкупниот резултат, бидејќи на првиот меч немаше голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×