Фудбалерите на Фиорентина убедливо славеа во дуелот со Јувентус (3-0) во рамките на 29. коло на Серија А.
„Старата дама“ буквално се распадна во Фиренца и претрпе убедлив пораз на „Артемио Франки“. Набрзина во првиот дел Фиорентина стигна до двојна предност. Робин Госенс во 15. минута го отвори резултатот, а три подоцна погоди Роланд Мандрагора.
Третиот гол во гостинската мрежа падна на стартот на второто полувреме, а стрелец беше Алберт Гудмундсон во 53. минута. До крајот уште еднаш се тресеше мрежата на Јуве, ама голот на Кин не важеше поради офсајд.
Претходно минимална победа забележа Рома во дуелот со Каљари (1-0). Артем Довбик беше човек на одлука, постигнувајќи го единствениот гол во 62. минута.