По синоќешната елиминација од Лига Европа, Фиорентина ги врти погледите кон иднината.
Според Џанлука Ди Марцио, виолетовите се блиску до ангажман на двајца фудбалери на Партизан, Душан Влаховиќ и Никола Миленковиќ.
За Никола Миленковиќ претходно се пишуваше дека е пред трансфер во Јувентус, но се чини дека работите се промениле.
Се верува дека поради ограничувањата на настап на фудбалери кои не се од ЕУ, Фиорентина еден од двајцата српски фудбалери веднаш од јуни ќе го стави во својот погон, додека другиот ќе го остави во Партизан на позајмица или ќе го даде на друг италијански тим.
Претставници на Партизан веќе се во Фиренца каде ја договараат сумата за која ќе ги продадат своите фудбалери.