Фиорентина ја забележа првата победа, а таа беше спектакуларна! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Конечно во 16. коло Фиорентина дојде до првата победа оваа сезона во Серија А откако на свој терен со 5-1 го совлада Удинезе.

Виолетовите беа во тешка криза, долго чекаа на првата победа, а таа ја направија со петарда.

Работата им беше олеснета уште во осмата минута кога Окоје доби црвен картон, Фиорентина речиси цел меч играше со фудбалер повеќе и тоа максимално го искористи.

Серијата погодоци почна во 21. минута кога Мандрагора даде гол за 1-0, а до крајот на првиот дел погодија и Гудмундсон и Ндур.

Во вториот дел Кин реализираше два гола, а почесниот погодок за Удинезе беше дело на Солет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×