Фиорентина го надигра Милан на Сан Сиро, на Џампаоло му се смешка отказ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фиорентина можеби му пресуди на Џампаоло, столчето на тренерот и онака се тресеше по слабите резултати, а вечерашниот победа на „виолетовите“ од 1-3 на Сан Сиро само ќе го зголеми притисокот за промени. Тој е првиот тренер на Милан кој забележал четири порази во првите шест кола во последните 30 години.

Милан имаше уште една бледа партија, Фиорентина ги надигра „росонерите“, а за тоа каква беше атмосферата на стадионот, говори и фактот што публиката го поздрави голот на Франк Рибери со стоечки овации.

Резултатот беше отворен во 14. минута кога Милан загуби топка во опасната зона, беше направен пенал врз Киеза, а Пулгар погоди од белата точка.

На стартот од вториот дел, Милан остана со играч помалку откако Мусакио опасно влезе со отворен ѓон. Со играч повеќе, Фиорентина брзо постигна два гола, Кастровили зголеми на 0-2, а Рибери го дотолчи противникот во 78. минута.

До крајот на мечот, новото засилување Леао само постигна почесен гол по еден прекрасен пробив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×