Финска загуби од Франција, Украина го фати последниот воз за бараж

by
1 минути читање

Пред почетокот на денешните натпревари, Финска беше на второто место во групата Д, но работите се променија.

Со голови на Бензема и Мбапе во второто полувреме Франција победи на гостувањето кај Финска со 2-0.

Тој резултат беше добредојден за Украина која со голови на Зинченко и Довбик ја совлада Босна и Херцеговина на нејзин терен со 2-0 и го освои второто место во групата со што се пласираше во бараж.

Во групата Г, Турција ја задржа втората позиција откако со пресврт дојде до победа над Црна Гора во Подгорица од 2-1.

Норвешка со 2-0 загуби на свој терен од Холандија, головите ги постигнаа Бергвајн и Депај во финишот од мечот.

Второто место во групата денеска го заджа и Велс кој одигра 1-1 со Белгија на свој терен.

Чешка остана трето и покрај победата од 2-0 над Естонија, но Чесите преку Лигата на нации обезбедуваат место во баражот. Па и Велс и Чешка остануваат во игра за пласман на Мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани