Финалето на СП 2026 со „американски шмек“ и голем новитет!

by 24 фудбал
1 минути читање

Вашингтон вечерва е центар на светскиот фудбал затоа што таму се одржува ждрепката за групната фаза на Светското првенство кое следната година ќе се игра во САД, Мексико и Канада. Очите на целата фудбалска јавност се вперени кон главниот град на САД каде официјално започнува приказната за најголемиот спортски настан во 2026 година.

Прв на сцената се појави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Тој најави интересна новина поврзана со финалниот натпревар и на свој препознатлив начин се обрати до американската публика.

Во финалето на Светското првенство кое ќе се игра во Њујорк ќе има шоу на полувреме. Тоа ќе биде историски момент за фудбалот. А, ова што следно ќе го кажам ќе биде на начин за подобро да ме разбере американката публика Светското првенство е како 104 Супербоули за еден месец“, рече Инфантино.

Церемонијата продолжи во свечен тон и во еден од центрите на вниманието се најде претседателот на САД, Доналд Трамп кој доби награда за мир.

ФОТО/PHOTO: FIFA.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

×